Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска беше во работна посета на компанијата АСП-ПАК , каде истакна дека државата ќе продолжи со поддршката на компаниите што планираат да го прошируваат производство, да се модернизираат и дигитализираат, да го прошируваат асортиманот на производи, да отвораат нови работни места и да освојуваат нови пазари.
-Оваа компанија иам околу 300 вработени , креирани се солидно платени работни места. Според информациите од сопственикот, платата е околу 500 евра. Производството на компанијата околу 97 отсто е за извоз. Значи станува збор за целосно извозна компанија. Токму и вакви компании нам ни создаваат добро платени работни места, тие се конкурентни на меѓународните пазари, создаваат производи со повисока додадена вредност и се двигатели на нашата економија. Тие се оние кои ги задржуваат младите да останат да работат во нашата земја, рече Битиќи.
Зборувајќи за програмите за поддршка на приватниот сектор Битиќи истакна дека до крајот на годината мерките насочени кон поддршка на стопанството ќе бидат операционализирани.
– Следната недела ќе биде објавен повикот од Развојната банка за 31 милион евра безкаматни кредити за стопанството. Веќе во јануари ќе биде достапна кредитната линија на ЕИБ од сто милиони евра со ниски камати до 1,6 отсто. Сето се тоа мерки што треба да им покаже на граѓаните и на стопанствениците, тие што го креираат развојот дека ние сме тука да ги поддржиме. Уште повеќе ќе поддржуваме решенија што се во склоп со светските текови, како четвртата индустријализација базирана врз дигитализација и нови технологии. Со Фондот за иновации и технолошки развој продолжуваме да креираме подобар екосистем за старт-ап компании, за претприемништво, иновации итн, рече меѓу другото вицепремиерот, охрабрувајќи ги стопанствениците да продолжат со развојни проекти, проширување на производните капацитети со одржливи решенија во производството, вели Битиќи.