20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот забележа благ раст: Еве како се движи пазарот на криптовалути денес

Најпопуларната криптовалута во светот, биткоин, денес забележа благ раст, бидејќи во моментов со оваа дигитална паричка се тргува по цена од 36.750 долари.

Во текот на последните 24 часа, цената на биткоинот се движеше меѓу 34.200 и 36.900 долари, а во овој период, тој забележа скок од 2,25 проценти.

Пазарната капитализација на биткоинот во моментов вреди 687 милијарди долари.

Втората најпопуларна криптовалута еthereum порасна за скоро 5 проценти, а во моментов се тргува со неа по цена од 2.530 долари.

Пазарот на криптовалути доживеа голем пад овој месец, бидејќи цените на скоро сите монети драстично паднаа по серијата негативни изјави на влијателни инвеститори и бизнисмени, како шефот на „Тесла“, Елона Маск, и по одлуките на одредени државни регулаторни тела.

Поврзани вести

Како да одгледате финансиски писмени деца?

Влатко Зорба

Северна Македонија има 6,8 тони резерви на злато, Србија лидер во регионот

Влатко Зорба

СДСМ: Одобрени се првите 136 бескаматни кредити, првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра