СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ОКТА со нова донација на брзи тестови за детекција на COVID-19

ОКТА обезбеди 1.300 брзи тестови за откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот, наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Се работи за тестови кои овозможуваат брза детекција на присуството на корона вирусот, со што се овозможува забрзување на целокупниот третман на пациентите и се помага во ефикасно спречување на натамошното ширење на инфекцијата.

И оваа, најнова донација на ОКТА во борбата против COVID-19 пандемијата, е спроведена во координација со Министерството за здравство, согласно нивните проценки за приоритетните потреби на здравствениот систем.

„Ова е трета донација на ОКТА на Клиниката за инфективни болести од почетокот на пандемијата. Свесни сме дека само преку континуирана поддршка и со заеднички напори може да придонесеме за што побрзо пребродување на оваа здравствена криза која има влијание врз сите нас. Со набавка на тестовите за брза детекција на вирусот остануваме посветени на нашата грижа за заедницата, како еден од основните елементи на стратегијата за општествена одговорност на ОКТА“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ.

Новата количина тестови се надоврзува на претходната донација на ОКТА од 3.000 серолошки тестови кои исто така беа набавени за потребите на Клиниката за инфективни болести, како здравствена установа во која се третираат најголемиот број случаи на COVID-19 и која го понесе најголем товар на пандемијата.

„Поддршката која константно ја добиваме од бизнис секторот е од огромно значење за здравствениот систем во справувањето со пандемијата. ОКТА беше меѓу првите донатори на медицинска опрема уште на почетокот на кризата, а со обезбедувањето на овие брзи тестови повторно на дело го потврдија статусот на општествено одговорна компанија“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Од почетокот на пандемијата до сега, ОКТА реализраше неколку донаторски проекти наменети за намалување на последиците од здравствената криза, како дел од нејзината стратегија за општествена одговорност. Имено, во текот на мината година компанијата набави неопходна медицинска опрема, а потоа и серолошки тестови за Инфективната клиника, додека на почетокот на новата учебна година беа донирани 30 лаптопи и 10.000 заштитни маски за потребите на основните училишта во Општина Илинден

Поврзани вести

Бензините поскапуваат за денар, без промена на цената на дизелот

Влатко Зорба

Сугаревски: Царинската управа оствари за 5% повисоки наплатени приходи во однос на истиот период лани

Влатко Зорба

Кои професии носат најголем ризик од инфекција со коронавирус? (инфографик)

Stefanija Kuzmanovska