СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: До крајот на мај верувам дека ќе ја пуштиме првата делница од експресниот пат Штип-Радовиш

Новиот експресен пат Штип-Радовиш првата делница од мостот на реката Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена за сообраќај кон крајот на месецов, најави денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Оваа пролет ќе биде пуштена првата делница на патот Штип-Радовиш. Во моментов се прават последните извештаи на Надзорните органи, пред пуштањето на првата делница Штип-Радовиш, со којашто сакам да кажам ќе се избегнат најлошите црни точки на овој пат, односно на стариот постоечки пат, вели Бочварски.

Тој очекува наскоро да биде пуштен и целосно регионалниот пат Крупиште-Пробиштип, кој изминатиот период беше темелно реконструиран.

Бочварски истакна дека во источниот регион се работи на нови патишта, со што како што вели овој регион добива нов сјај во патната инфраструктура.

-Тоа е уште еден доказ дека работиме напорно на подобрување на квалитетот на инфраструктурата, но и на безбедноста на граѓаните, коишто патуваат по патиштата, вели Бочварски

Поврзани вести

Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

Извезени дијаманти вредни 107,4 милијарди долари

Stefanija Kuzmanovska

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава