СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Нефункционалните кредити сведени на историски најниско ниво

Нефункционалните кредити се сведоа на историски најниско ниво, додека депозитите продолжија да растат. Ова се едни од причините поради коишто „Централ бенкинг“ ја издвои Анита Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот, коишто успешно се справуваат со актуелната криза, поврзана со ковид-19. Ова го истакнуваат од „Гласот на Америка“, во интервју со гувернерката на Народната банка.

„Огромно задоволство за мене и за моите колеги, затоа што Народната банка, не е еден човек, таа е институција. Заедно успеваме успешно да се справиме со невидени предизвици со коишто се справуваат речиси сите централни банки во светот. Во таква тешка ситуација, успеавме да ја одржиме стабилност на курсот, ценовната стабилност и сето тоа да гарантира макроекономска стабилност.“ – изјави Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто, гувернерката се осврнува и на монетарната стратегија на Народната банка и стабилноста на девизниот курс на денарот.

Поврзани вести

Централен регистар: Не е потребен правосуден испит за да се исполни обврската за регистрација

Влатко Зорба

Речиси 500 милиони денари ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ

Влатко Зорба

Трамп: Американската економија закрепнува

Stefanija Kuzmanovska