СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Започнуваме со реконструкција на околу 450 километри локални улици во сите општини

Од денеска започнуваме со реконструкција на локалните улици во општините, проект вреден 70 милиони евра. Во прва фаза реконструираме 27 улици во 17 општини за што инвестираме преку 4 милиони евра само во оваа фаза, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета во општина Богданци.

Министерот Бочварски и градоначалникот на општината, Блаже Шопов, извршијa увид во изгрaдба на улицата Ѓуров дол, како дел од пакетот улици што се реконструираат во општината.

Вкупната вредност на целиот овој проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски е 70 милиони евра а се планира да се реконструират околу 450 километри локални улици и патишта во сите општини.

“ Подобрување на урбаното живеење, олеснување на животот на граѓаните и економскиот развој на државата се врвни приоритети што континуирано ги реализира оваа Влада. Денеска сме присутни во општина Богданци уште еднаш тоа да го потврдиме. Од тука стартуваме со проектот “Поврзување на општините со локални патишта”. Планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите општини. Во текот на оваа година сите овие улици во Богданци очекувме да бидат целосно реконстурирани, со што општината ќе добие нов урбан лик, а граѓаните подобри услови за живот и безбеден сообраќај.
Општина Богданци се наоѓа на стратешко место и сметаме дека со овој проект, не само што ќе го подобриме урбаното живеење, создаваме услови за економски развој на општината и привлекување на нови инвестиции”, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

“На општина Богданци и беа доделени 600 илјади евра, така да во првата фаза се реконструираат шест улици, а во втората фаза уште една улица.
Ние ја реализираме и Програма на општината од сопствени средства каде планираме реконструкција на уште дваесет и една улица со што очекувам големо подобрување на патната инфраструктутра а со тоа и условите за живот на граѓаните”, изјави Блжо Шопов, градоначалник на општина Богданци.

На новинарско прашање за обиколница Богданици, министерот Бочварски истакна дека инфраструктураниот проект за Обиколницата е во завршна фаза и набрзо ЈП за државни патишта ќе распише повик за Изведувач.

Поврзани вести

Еуроникел Индустри поддржува реализација на еко и културни проекти

Ќе се менува ли цената на горивата од полноќ?

Министерството за финансии очекува пад на економијата од околу 3,7 проценти

Stefanija Kuzmanovska