СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Даталаб“ ја презема македонската компанија „ИнКом“

Словенечкиот развивач на софтвер „Даталаб“ потпиша договор за преземање на македонската компанија „ИнКом“, соопштија оттаму.

„ИнКом“ и нејзините 10 вработени се специјализирани за имплементација на деловна информатика и практично ќе го удвојат капацитетот за имплементација на филијалата на „Даталаб“ во Северна Македонија, рече словенечката компанија во изјавата за Љубљанската берза во вторникот.

– Покрај локалниот пазар, ќе ги надополниме и нашето присуство и капацитети на бугарскиот пазар, бидејќи јазиците и деловното опкружување се доста слични, а силното регионално седиште ќе помогне во консолидирање на косовскиот и албанскиот пазар, соопштија од „Даталаб“.

Директорот на „ИнКом“, Сашо Јовановски ќе ја преземе челната позиција на „Даталаб“ во Македонија, а сегашниот директор ќе ги води продажните активности на филијалата. Основачот на „ИнКом“, Ѓорѓи Николов ќе ја преземе функцијата шеф за поддршка на клиенти во Македонија, пренесе Индикатор.

Поврзани вести

Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

Деспотовски: Државата за помалку од 10 години може да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи

Влатко Зорба

Преговорите завршени, усогласен буџетот на ЕУ од 2021 до 2027 година

Stefanija Kuzmanovska