Посебен модел за поддршка на извозните компании и големите бизниси, најави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.
На прес-конференција во Владата, прва по предвремените парламентарни избори, Деспотовски соопшти дека со рекорден број пријавени инвестициски планови, 166, и 90 отсто побарувани средства од проектираните, се заокружува првиот циклус од јавниот повик за економско заздравување на компаниите, реализиран преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Како што рече презентирајќи ги резултатите, од пријавените 166 инвестициски планови, 88 проценти или 146 продолжуваат во следната фаза – на евалуација, додека остатаните 20 или 12 отсто го завршуваат процесот тука.
И овој пат во доставените апликации, посочи Деспотовски, не доминира само ИТ секторот, туку се застапени околу 15 дејности меѓу кои здравство, креативни технолгоии, угостителство, земјоделство, електроника, транспорт, градежништво, текстил, образование, продажба, трговија,…. Рамномерно се поттикнува и регионалниот развој, со тоа што има инвестициски планови од секаде, не само од скопскиот регион, но се поттикнува и женското претприемништво ако се земе предвид дека 44 отсто од компаниите имаат лидер или сопственик жена – претприемач.
Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски рече дека ќе се креира нов модел заедно со стопанските комори.
Директорот на ФИТР потсети и дека средствата од овој повик не се неповратни, туку компаниите ќе мора да ги вратат во наредните три години од реализираната добивка.
Вкупниот инвестициски циклус за периодот 29 мај – 03 јули е 291,709,7995 денари. Од овие, побаруван износ од ФИТР е 178.984.951 денари или 61 отсто, додека 39 проценти или 112.718.848 денари се сопствено кофинансирање од компаниите.
-Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме рекродно голем интерес. Над 2.100 компании подигнаа апликациски пакети што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива, истакна Деспотовски.
Според него, првично предвидените 200 милиони денари од Програмата за економско заздравување, 90 отсто се очекува да бидат реализирани со првиот циклус.
-Ова подразбира дека за секој следен циклус, а првиот таков ќе биде кон крајот на август, ФИТР ќе треба да обезбеди дополнителни средства, потенцира Деспотовски.
На прес-конференција во Владата, прва по предвремените парламентрани избори, тој објасни дека фазата на претселекција на компаниите ќе заврши до крајот на следната недела, а финалната селекција до средината на август. Резултатите, пак, би можеле да се очекуваат во втората половина на август.
Деспотовски рече и дека во пресрет на второт циклус ќе им се пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка, преку коморите, со анкета.
-Ќе бидеме отворени за сите нивни сугестии и предлози за дополнително унапредување на овој модел на поддршка. Следниот циклус ќе размислиме и за проширување на поддршката, разговараме за посебна мерка за извозната дејност. Во почетокот на септември, со вториот циклус на поддршка можеме да очекуваме продолжување на оваа поддршка и евентуално дополнителни мерки кои ќе произлезат од консулатциите со коморите. Апелирам до сите домашни комапании активно да се вклучат во овој процес, да дадат свое мислење, предлози и сугестии, нагласи директорот на ФИТР.
На првиот циклус од повикот за економско заздравување, 76 отсто од пријавените се компании кои првпат аплицираат за користење средства, додека 16 отсто претходно аплицирале, но не добиле пари. Осум отсто, пак, се фирми што веќе користеле средства од ФИТР.