СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Очекувам во скоро време да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на С. Македонија

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на отворањето на фабриката на „Гересхајмер” изјави деак ова е конкретен резултат на посветена работа на оваа Влада. Тој изрази и очекување дека скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија

„Нашата посветеност продолжува и низ интензивните преговори коишто ги водиме со компанијата за нова инвестиција. Можам само да го истакнам моето очекување дека во скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија. „Гересхајмер” само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број. Нашите сограѓани кои работат овде веќе примаат плати двојно над државниот просек. ТИРЗ и оваа Влада се насочени кон компании со напредни технологии кои носат високо платени работни места кои ќе обезбедат добар животен стандард и се начин да им обезбедиме перспектива и иднина на младите дома, во својата земја”, изјави Деспотовски.

Поврзани вести

Поскапуваат дизелот и бензините!

Влатко Зорба

Асоцијација за е-трговија: Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека ФИТР ја подржал „Дигитални услуги за сите” заради министерката Ангеловска

„Сименс” изрази интерес за поголемо присуство во енергетскиот сектор во С.Македонија

Влатко Зорба