Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7 %.
Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 2.0 % и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1.0 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1.6 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.4 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4.5 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.7 %.