СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економската изолација на Русија одеднаш веќе не е толку лоша идеја

Рускиот претседател Владимир Путин мора да му се заблагодари на Министерството за финансии на САД што и помогна на својата земја да се подготви за глобалната економска криза.

Постојаните економски санкции и заканата од нови ограничувања ги натераа руските власти да ги зголемат своите резерви и да го намалат долгот во последните пет години. И додека владите ширум светот се подготвуваат за најголем економски пад од 2008 година, пристапот на Русија кон преземање на сите можни мерки на претпазливост, што ја турка руската економија кон стагнација, повеќе не изгледа толку лоша идеја, посочува Блумберг.

Во четвртокот, S&P Global Ratings го задржа кредитниот рејтинг на Русија на BBB- со стабилен изглед, иако компанијата го намали својот рејтинг на голем број на нови пазари.

„Претходните кризи ги научија Руското Министерство за финансии и Централната банка да бидат подготвени за ова“, рече Карен Вартепатов, аналитичар во S&P Global Ratings. „Тие имаат многу искуство со кризи“, рече тој.

Секако, зависноста на Русија од суровини значи дека земјата нема да ја избегне глобалната рецесија. Буџетот веќе претрпе голем удар од падот на цената на нафтата на најниско ниво во последниве 18 години, а рубљата „отпиша“ 21 отсто од почетокот на годината.

Исто така во Русија, во сила е забрана на жителите да ги напуштат своите домови, освен во случај на вонредна состојба заради ширењето на новиот коронавирус. Мерката е ефективна од понеделник за Москва и за некои други области. Економијата на земјата би можела да се намали за 5 до 10 проценти оваа година ако стапи во сила целосна блокада – барем тоа покажува најлошото сценарио што го гледа владата.

Во меѓувреме, санкциите воведени од ЕУ и САД за анексијата на Крим во 2014 година, запреа многу државни компании да соберат долг во странство. Ова ја остави Русија со една од најниските стапки на долгови кон бруто-домашниот производ меѓу пазарите во развој. Сепак, минатата година, министерот за финансии Антон Силуанов рече дека земјата има доволно резерви за да си дозволи да преживее без долг најмалку една година.

Во исто време, Министерството за финансии истура дополнителни даночни приходи и извоз на нафта во голем фонд за „црни денови“, со што девизните резерви на Русија се четврти по големина во светот. Досега, Путин не покажа особена склоност да ги користи овие средства за стимулирање на економијата. Наместо тоа, тој најави план за зајакнување на буџетот преку даноци на дивиденди и банкарски депозити.

Сепак, постојаните подготовки за кризата во Русија се скапи за економијата, која стагнира во последните пет години. Пред пандемијата на коронавирус и падот на цената на нафтата, Путин вети дека ќе го подобри животниот стандард на Русите оваа година, зголемувајќи ги расходите.

Еден начин Русија да одговори на санкциите во 2014 година беше да го ограничи увозот на одредена храна од САД и Европа. Ова, од една страна, доведе до нагло опаѓање на цените, но и на зголемување на земјоделското производство, што пак ја направи Русија поотпорна на нарушувања на меѓународната трговија.

„Русија е добро подготвена за оваа нова фаза на затворени граници и запирање на меѓународната трговија и финансиските процеси“, рече Софија Донец, економист на Renaissance Capital.

Поврзани вести

Нема санкции за гужвите за „Black Friday“,од ДПИ обработуваат постапки во делот на попустите

Берта Китинска

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е здрав, високо капитализиран и со солидно ниво на ликвидност

Комора на сметководители: Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки

Влатко Зорба