СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Растот на невработеноста може да достигне до 30 отсто во Германија

Германските агенции за вработување сметаат на пораст на невработеноста од 30 проценти, како резултат на пандемијата од коронавирус и економските последици од неа.

Водечките економски институти посочуваат дека, во исто време, повеќе барометри што ја покажуваат состојбата на економијата ќе паднат во април до историски најниските вредности.

Така, барометарот за вработување на Институтот Ifo опадна од 93,4 во март на 86,3 поени.

„Ова покажува дека невработеноста во Германија ќе се зголеми“, велат експертите.

Причината за песимистичките предвидувања се плановите на фирмите кои отпуштаат работници заради кризата.

Ifo анкетирал околу 9,000 компании за нивните планови за следните три месеци. Службата за услуги беше особено погодена од кризата.

За прв пат од финансиската криза, ќе следат големи отпуштања, посочува Ifo, наведувајќи дека вработените во трговијата, со исклучок на супермаркетите, ќе резултираат со намалување на персоналот.

Исто така, скоро растечкиот градежен сектор може да биде под влијание на отпуштања од работа.

Ифо посочува дека во моментов е невозможно да се процени колку луѓе ќе бидат погодени од негативната политика за вработување.

Барометарот на пазарот на трудот на Научниот институт на Федералната агенција за труд IAB падна за 6,8 поени во април и е на 93,5, што е најниско од моментот кога започна.

„Имаме пораст на вработеноста во Германија веќе десет години. Овој тренд сега нагло ќе запре“, посочува експертот на IAB, Енко Вебер.

Агенциите очекуваат голем бран отпуштања од околу 30 проценти во наредните месеци, односно зголемување на невработеноста на над три милиони.

Во втората половина од годината, во случај на постепено нормализирање на економската активност, половина од порастот на невработеноста може да се компензира.

Поврзани вести

Димковски и Бабовски ќе присуствуваат на инфо-денот за ИПАРД во Струмица

Започнува изградбата на насипна брана со придружни објекти на „Отиња” во вкупна вредност од 460 милиони денари

Влатко Зорба

Плановите за рестартирање на економијата го зајакнаа доларот

Stefanija Kuzmanovska