Акционерско друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје додели два тендери во вредност од 220,774,932 денари (3,589,836 €) и 206,311,200 денари (3,354,654 €) на Друштвото за производство,трговија и услуги ТЕИКОМ ТИМ увоз-извоз ДОО Битола за набавка на Помошна механизација за ПЕ Рудници (РЕК Битола).
Се работи за Опрема за транспорт и помошна опрема за пренесување, а во описот на е-набавки стои дека ЕСМ има потреба од Булдожер со снага на мотор мин. 240 kW.
Пет субјекти дале понуда, откако највисоката е 282.000.000,00 денари, додека најниската 162.936.000,00.