СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Еуромакс го поддржува Граѓанскиот инспекциски совет како контролен механизам во заштитата на животната средина

Еуромакс Ресоурцес го поддржува формирањето на Граѓанскиот инспекциски совет како значаен контролен механизам за јакнење на улогата на надлежните државни институции за заштита на животната средина. Како инвеститор, целосно сме подготвени за соработка и активно ќе бидеме вклучени во унапредување на македонскиот граѓански сектор. Идејата за вклучување на граѓанскиот сектор во контролата на институциите за да се унапреди транспарентноста и отчетноста во работењето на големи индустриски комплекси не е новина за Еуромакс, бидејќи како инвеститор на современиот рударски комплекс за бакар „Иловица – Штука“ предлагаме формирање на независно мониторинг тело што ќе ја зајакне улогата на државните институции, односно ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во системот, соопштија оттаму.

„И во оваа прилика ќе апелирам до сите релевантни чинители од граѓанскиот сектор, надлежните државни институции и експертите од науката, заедно да работиме на креирање на доверба со што ќе ги неутрализираме шпекулативните и манипулативни дезинформации кои доминираа во медиумскиот простор, демонизирајќи го нашиот Проект. Да потсетам, за да обезбедиме транспарентност и отчетност, во неколку наврати предложивме да се формира постојано, независно мониторинг тело, односно независна надзорна комисија главно составена од претставници на локалното население, локалните управи, граѓанскиот сектор и академските експерти. Ваквото надзорно тело би функционирало активно за цело времетраење на работниот циклус на рударскиот комплекс, правејќи независни анализи и тестирања на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти“, вели д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес.

Во оваа насока д-р Груевски ја поздравува идејата што е реализирана по иницијатива на Зелениот институт во соработка со Институтот за комуникациски студии, односно 26 невладини организации кои соработуваат во рамки на кампањата „Разбистри сѐ“.

Еуромакс во духот на партиципативната демократија втемелена во „Архуската конвенција“ се залага за достапност до аргументирани и издржани информации. Компанијата во минатото секогаш покажува подготвеност за конструктивен дијалог и соработка со сите чинители во општеството, со посебен фокус на граѓанските здруженија кои се активни во делот на заштитата на животната средина.

Еуромакс Ресоурцес се залага за реализација на Проектот за современ бакарен рудник Иловица – Штука, инвестиција вредна околу 340 милиони евра, од кои околу 180 милиони евра ќе се наменат за исплата на деловни договори со домашни изведувачи од различни сектори.

Поврзани вести

Раст на МБИ-10 индексот на Македонската берза

Ангеловска-Бежоска: Поголемата финансиска вклученост на жените може да донесе голем број економски придобивки за целото општество

Влатко Зорба

Од полноќ поскапуваат горивата

Влатко Зорба