СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Стартува Самитот Македонија 2025

Во рамки на онлајн комуникација и Светска пандемија од Ковид 19, денес ќе се оддржи деветтото издание на Самитот на Македонија 2025.

На овој Самит фокусот ќе бидат економските реформи, како и заздравувањето на економиите. Во таа смисла, на овој настан се очекува да се вклучат над 400 претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, како и членови на академијата и млади лидери.

Премиерот, Зоран Заев заедно со амбасадорот на ЕУ во земјава, Даејвид Гир, ќе земат учество на панел дискусијата насловена како „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“. Покрај нив се очекува вклучување и на американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.

Овој самит ќе опфати и теми како што се, како да се изгради успешен бизнис во земја во развој, како и тоа колку се моќни компаниите со култура ориентирана кон луѓето.

Овој Самит е предвидено да трае до 3. декември, а во рамки на истиот е предвиден и настан со претседателот Стево Пендаровски кој ќе се сретне со успешните млади Македонци и ќе разговара со нив за иновациите и кодирањето.

Самитот ќе биде отворен од страна на претседателката на Бордот на директори на Македонија 2025., Вера Ставфор, како и извршната директорка, Микица Мојскоска Блажевски.

Поврзани вести

Една од најголемите светски компании за недвижности Ре/Макс започнува со работа на македонскиот пазар

Влатко Зорба

Битиќи: 700 илјади граѓани добија пари како помош од државата

Влатко Зорба

Заев на Виенскиот економски форум: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места