СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 40% од невработените во земјава се жени

Во текот на второто тримесечје од оваа година, од вкупно 159.623 невработени, 65.177 или 40,8% биле жени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано според старосната структура, најмногу невработени жени се на возраст од 25 до 49 години (43.599), а најмалку во период од 15 до 24 години (10.105).

Гледајќи неколку години наназад, стапката на невработеност кај жените бележи постојано намалување. Па така, во 2014-та, стапката на невработеност кај жените била 28,6%, една година подоцна 25,1%, додека во 2016-та година се позиционираше на 22,7%. Во 2017-та година, од вкупниот број невработени, 21,8% биле жени, една година подоцна 19,9%, а минатата година 18,4%.

Во истиот период, од вкупниот број на 793.416 вработени, 324.094 се жени. Од вработените жени, најголем дел (227.042) се на возраст од 25 до 49 години, а најмал од 15 до 24 години (17.178).

Поврзани вести

Од почетокот на кризата: 3 300 млади останаа без работа

Берта Китинска

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin

Коронавирусот ги фрли пиварите на колена

Влатко Зорба