СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Еуроникел Индустри поддржува реализација на еко и културни проекти

Проектот за создавање „Парк на културата”, чија документација е изработена со целосна финансиска поддршка од Еуроникел Индустри, беше презентиран пред граѓаните на Кавадарци и претставниците на локалната власт. Со идејното решение за проектот што треба да се изгради во следниот период, предвидена е трансформација и ревитализација на напуштена јавна површина од 7495м2 и создавање модерна, урбанизирана, еколошки зелена површина. Самиот проект го води Општина Кавадарци, односно Советот на Општината и градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советoт Ристо Сакалиев, а го реализира Здружението „Еко Индикатор”.

Целта на проектот во која се здружија иницијаторот Здружението за екологија, животна средина и просторно планирање „Еко-Индикатор“ – Кавадарци и Еуроникел Индустри со финансиска поддршка за изработка на проектната документација, е подобрување на квалитетот на животот на населението преку развивање и создавање културно-еколошко урбани содржини за граѓаните. Проектот нуди создавање на зелени јавни површини збогатени со различни содржини за пријатен престој на посетителите и простор за прошетки во природа.

Од Еуроникел Индустри велат дека мотивот за поддршка на проектот е заложбите на компанија за чиста и здрава животна средина и придонесување за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните на Кавадарци. Компанијата како еден од нaјреномираните производители на никел на глобално ниво, во склоп со својата развојна стратегија создава производ со висок квалитет што го пласира на европскиот, азискиот и американскиот пазар, поседува А-интегрирана еколошка дозвола и работи според највисоки еколошки стандарди. Токму високите производни и организациони стандарди и стандардите за заштита на средината, заедно со А-интегрираната дозвола се предуслов за пласман на финалниот производ на светските пазари.

Поврзани вести

Можете да вратите до 4.500 денари: Продолжениот викенд за 11 Октомври викенд без ДДВ

Берта Китинска

Поевтинуваат горивата

Влатко Зорба

УЈП: Работодавачите и во јуни ќе добијат 14.500 денари од државата