СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Еуростандард под сомнение: Криминалните дејствија датираат од 2017. година

Постои сомнение дека Еуростандард банка добро знаела што прави уште во 2017. година.

Имено во своето излагање на надзорната расправа во Собранието, директорот на Управата за финансиско разознавање, Блажо Трендафилов посочи дека уште пред 3 години биле констатирани сомнителни активности од страна на Банката, поточно постапувале спротивно на Законот за спречување на перее пари и финансирање на тероризам, велат Оштетени штедачи во денешното соопштение.

„Тогаш било констатирано и дека Еуростандард банка отворала сметки на оф-шор компании. Согласно изнесеното, овие активности за перење пари многукратно се зголемиле во 2018 и 2019 година. За сето ова и во целиот период од неколку минати години било информирано и добро запознато раководството на Народна банка, кое уште тогаш директно ги воочило ваквите нелегални активности и сериозни финансиски трансфери односно констатирало голем ризик со активности за перење пари од страна на Еуростандард банка.

Кон средината на октомври оваа година, два месеца по затворањето на Еуростандард банка, Народна банка поднесе кривична пријава за четири лица од банката. Намерно или не, Народна банка пропушти да соопшти дека освен за предизвикување стечај на банката според Законот за банки, кривичната пријава кон овие лица од банката е поднесена и за кривично дело перење пари и други приноси по член 273 став 1 од Кривичниот законик.

Ја прашуваме Народна банка и гувернерката Бежоска зошто не ја поднеле кривичната пријава кон четирите лица уште во 2017 година кога веќе знаеле и директно се увериле дека се прави и таков криминал со перење пари во банката? Зошто чекале и не преземале активности со години и оставиле сега ние да бидеме целосно оштетени како депоненти поради масовниот криминал спроведен во банката? Ова е еклатантен доказ и пример за ненавремено постапување на раководството на Народна банка и гувернерката Бежоска да го спречат грабежот и да ги заштитат нашите депозити во банката.

За гувернерката Бежоска не беше доволно само јавно да дава лажни изјави за сигурноста на нашите депозити во банката пред самото нејзино затворање кога лично знаела за состојбата со масовно непокриените и ултра ризични кредити заедно со утврдените трансакции за перење пари што се случувале во банката континуирано повеќе години. Зошто да ги плаќаме скапо од наши пари гувернерката Бежоска и раководството на Народна банка кога не ги завршуваат задачите за кои се надлежни и обврзани со закон, туку напротив работат против нашите интереси!?

Веруваме дека истражните органи ќе ги констатираат сите неправилности и злоупотреби вклучително и непостапувањата по службена должност и овластување на сите учесници како и раководството на Народна банка и првиот човек во неа. Се надеваме и дека постапката за утврдување на криминалот и сите инволвирани во него нема да трае со години и да предизвика застарување на делата, како што тоа гледаме дека полека но сигурно станува пракса во државава и со други дела. Продолжуваме со борбата за вистината и правдата“, велат во соопштението здружението Оштетени штедачи.

Поврзани вести

Ќе има ли рестрикции за новогодишните празниците?

Берта Китинска

Деспотовски: Државата за помалку од 10 години може да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи

Влатко Зорба

ЕБОР со поддршка за малите и средни претпријатија во С.Македонија

Влатко Зорба