СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија на „ББ +“

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Како што нотира агенцијата, рејтингот на РС Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс.

Како што соопшти Министерството за финансии, агенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во РС Македонија и главните извозни пазари. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати. Агенцијата во својот извештај воедно нотира дека конкурентните трошоци за работна сила и покрај зголемувањето на платите, како и добрите владини политики насочени кон привлекување на странките директни инвестиции и прогресот на преговорите за членство во ЕУ исто може да придонесе за подобрување на изгледите за привлекување странски директни инвестиции, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите. Имено, годинава како резултат на добрите економски политики, но и на потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитните агенции беше причина за издавање еврообврзница по историски најниска каматна стапка.

Агенцијата, како што стои во соопштението, исто така во извештајот ги нагласува и стабилните девизни резерви. Негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок пред се поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, појаснуваат од МФ.

Поврзани вести

Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, се вложуваат 190 милиони денари во земјоделското производство

Влатко Зорба

Бектеши: Иднината на Западен Балкан е во создавањето заеднички регионален пазар

Влатко Зорба

Продолжува редовното пријавување на невработените во Агенцијата за вработување

Александар Петровски