Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција од Владимир Нелоски (26.09.20) дека има склучено договори во четири очи за набавка на услуги – ангажирање на Агенција за организирање на настани.
Шпекулациите дека бил склучен ваков договор се целосно неточни и измислени.
Фондот за иновации и технолошки развој врши набавка на услуги согласно Законот за јавни набавки, на јавен оглас за доделување договор за јавна набавка. На отворената постапка спроведена врз основа на член 50 (отворена постапка), член 57 (рамковна спогодба) став 7 и член 59 (е-аукција) од Законот за јавни набавки Фондот објави оглас на 19.06.2020 година со краен рок за поднесување понуди до 20.07.2020 за набавка на услуги за Агенција за комуникациски услуги. Во однос на наведената набавка, тендерската документација е јавно објавена на страната на Биро за јавни набавки на Република Северна Македонија, каде се јасно наведени условите, критериумите и деталниот опис на предметот во прикачената техничката спецификација. Според условите во барањето за јавна набавка право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзано со предметот на договорот за јавна набавка.
Документите за склучените договори ФИТР секогаш ги прикачува во електронскиот систем на Бирото до кој пристап имаат и медиумите. Од приложеното може да се увиди дека по основ на оваа јавна набавка е склучен договор со компаниите Друштво за производство и услуги Бригада Дизајн ДОО Скопје и Друштво за Маркертинг Њу Момент Њу Идеас Компани ДОО Скопје. Според Договорот дел од набавката ќе се спроведува со наддавање меѓу двата избрани понудувачи. Договорот е со траење од една година, а се однесува на организација на инфо сесии и настани за млади луѓе и домашни компании со цел нивно запознавање и обука за искористување на програмите за поддршка кои ги нуди Фондот. Дополнително овие средства е предвидено да се искористат и за презентација на резултатите за спроведените јавни повици како и резултатите од спровдените проектите на домашните компаниите во склад со начелата за транспарентност и отчетност поврзани со јавни пари од граѓаните.
Оттука, се прашуваме дали со изнесените изјави во врска со процесите и работата на ФИТР на политичката партија ВМРО ДПМНЕ всушност и пречи тоа што Фондот во изминатите три години успеаа да покрене инвестициски циклус од 73 милиони евра, и да поддржи над 500 компании од кои речиси 300 се стартап компании основани од млади луѓе и што успеа да ги мобилизира младите во земјата да основаат свои компании и наместо да извезуваме млади умови, извезуваме успешни приказни.
Фондот и во минатато покажа дека е вистински транспарентна и отворена инстутуција и жалиме што еден сериозен политички субјект како ВМРО ДПМНЕ постојано се обидува преку изнесување на лаги и невисти да и наштети на угледот на нашата институција.
Очекуваме јавно извинување за изнесените невистини, во спротивно ќе бидеме принудени на искористување на други механизми за заштита на угледот на институцијата и нашите партнери, стои во соопштението од ФИТР.