Бојкотот на француските производи станува сè пошироко распространет во земјите од исламскиот свет, по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот и муслиманите. Бројни муслимански земји, вклучително и Турција, едногласно ги осудија нападите врз исламот и муслиманите во Франција, а на социјалните мрежи започнаа кампањи против француски производи. Според новинарите од Анадолија, надворешната трговија на Франција со земјите од исламскиот свет игра голема улога во меѓународната трговија на земјата, а обемот на трговија надминува 100 милијарди долари.
Според агенцијата Анадолија, во некои земји од исламскиот свет, француските производи се тргнати од полиците на пазарите. Кампањите брзо најдоа голема поддршка на социјалните мрежи, а таквиот феномен ги загрижи француските власти, бидејќи може да биде сериозен удар за француската економија.
Пред два дена, Министерството за надворешни работи на Франција повика на запирање на тие кампањи насочени кон француски производи и патување во таа земја.
Прашањето е колку бојкотот на француските производи во исламскиот свет, односно во земјите каде што живеат значителен број муслимани, може негативно да влијае на француската економија.
Франција, со 67 милиони жители, забележа увоз во вредност од 639 милијарди долари во 2019 година, а истовремено извезуваше 555 милијарди долари.
Машините сочинуваат 12% од вкупниот извоз на Франција, 9,6% авијација, 9,5% возила, 7,8% опрема, 6,4% лекови, 3,8% пластика, 3,6% парфеми и козметика и 3,5% проценти од пијалоци.
Водечки производи увезени од земјата беа машините и компјутерите со 13,1 процент, возила 11,5 проценти, разни горива 10,3 проценти, опрема со 8,9 проценти и лекови со 3,9 проценти.
Франција извезе приближно 45,8 милијарди долари во исламските земји во 2019 година и увезе 58 милијарди долари од тие земји.
Земјите од исламскиот свет најчесто набавуваа машини, гасни турбини, авионски производи, котли, делови за моторни возила, автомобили, трактори, производи од железо и челик, електрична и електронска опрема и лекови од Франција.
Франција увезуваше производи од исламските земји како сурова нафта, природен гас, минерални масла, моторни возила, автомобилски делови, сателитски приемници, електрични грејачи, кабли, облека, овошје, зеленчук и ореви.
Во 2019 година, Франција имаше најголем извоз во Турција (6,66 милијарди долари), следена од Алжир (5,5 милијарди), Мароко (5,34 милијарди), Катар (4,3 милијарди долари) и Тунис (3,74 милијарди), Обединетите Арапски Емирати (3,67 милијарди долари), Саудиска Арабија (3,34 милијарди долари), Египет (2,58 милијарди долари), Индонезија (1,75 милијарди долари), Малезија (1,68 милијарди долари), Сенегал (1,2 милијарди долари).
Меѓу земјите со значително муслиманско население кои извезле помалку од милијарда долари се Нигерија, Либан, Кувајт, Оман, Казахстан, Бахреин, Пакистан, Иран, Мали, Бангладеш, Јордан, Либија, Азербејџан, Узбекистан, Туркменистан, Босна и Херцеговина, Чад , Судан, Сирија, Киргистан, Авганистан.