СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Google Workspace сега е бесплатен за сите корисници

Некои производи на Google се поделени помеѓу стандардните корисници и оние кои работат во бизнис средини веќе некое време. Една од нив е Google Workspace (порано познат како G Suite), што беше достапен само за оние со „enterprise“ профил. Тоа се смени затоа што Google објави дека Workspace сега ќе биде достапен за сите корисници.

Ова значи дека сите карактеристики што претходно биле заклучени зад „enterprise“ профилот ќе бидат достапни за секој што има сметка на Google. Останува да видиме колку ова ќе биде важно за корисниците. Во најголем дел, софтверот и услугите на Google, како што се Drive, Docs, Sheets, Meet и други, веќе беа достапни за корисниците, без оглед дали тие имаат стандарден или „enterprise“ пристап.

Се разбира, ова не значи дека Google се откажува од своите планови за деловни корисници. Компанијата продолжува да работи за да биде корисна за компаниите, за што сведочи и најавата за услугата Google Workspace Individual, која доаѓа со некои ексклузивни карактеристики и е наменета за сопственици на мали бизниси.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска: Поголемата финансиска вклученост на жените може да донесе голем број економски придобивки за целото општество

Влатко Зорба

НЛБ Банка ќе изготви Домашна платежна картичка за 113.000 граѓани, доставата до домашна адреса

Николовски: Со Законот за потекло на имот воведуваме контрола на капиталот и спречуваме незаконско богатење врз грбот на граѓаните