СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Гувернерката на Народната банка: Домашниот банкарски систем е здрав и има потенцијал за обезбедување кредитна поддршка без да се загрози неговата стабилност

Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот, порачува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска во интервју за „Независен.мк“.

Според неа, клучно е тоа што шокот со кој сега се соочуваат економиите заради пандемијата на ковид-19, не е од економски карактер и оттука, иако се очекува ефектите на краток рок да бидат поголеми, сепак тоа не би требало позначително да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите и врз макроекономската стабилност.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежовска посочува дека во функција на одржување на макроекономската стабилност се низата мерки што се преземаат од страна на носителите на фискалната и монетарната политикачија ефективност ќе биде еден од важните фактори за справување со предизвиците од корона-кризата.

Потсетува дека структурните и регулаторните промени во нашата економија во изминатите години придонеле за подобрување на фундаментите на економијата. 

– Во изминативе години, кај нас се случуваа структурни промени, видливи особено во структурата на индустриското производство и извозот, коишто ја намалија ранливоста на нашата економија и ги подобрија нејзините фундаменти. Ова придонесе и за речиси континуиран раст на девизните резерви, што е и гаранција за стабилноста на девизниот курс. Исто така, мошне е важно што домашниот банкарски систем е здрав и има потенцијал за обезбедување кредитна поддршка без да се загрози неговата стабилност. Ова е резултат на тоа што во периодот по глобалната финансиска криза од 2008 година, ние ги зајакнавме регулаторните и супервизорските барања, во согласност со зајакнатата европска регулатива, што придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на системот. Секако, корона-кризата наметнува потреба од засилено следење и преземање на брзи, ефективни и координирани активности. Во оваа насока неодамна беа зајакнати надлежностите и беше проширен составот на Комитетот за финансиска стабилност во којшто сега учествуваат сите финансиски регулатори, вели Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто, таа се осврнува и на достапноста на финансиска поддршка за македонската економија и на мерките што се во надлежност на централната банка, а најавува дека наскоро во јавноста ќе бидат презентирани и редовните макроекономски проекции кои се во завршна фаза. 

Поврзани вести

Бочварски: Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора за гас

Берта Китинска

Славески: Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓанин ја надминала помошта доделена во Македонија

Недела неработен ден за поголема продуктивност и благосостојба на работниците

Влатко Зорба