СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Растот на Берзата е уште една потврда за успешните економски политики на СДСМ

Огледало на една економија, а и вистинско вреднување на резултатите на компаниите, претставуваат берзите за тргување со хартии од вредност истакна на денешната прес конференција Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

Доколку ги погледнеме транспарентноста во работењето на компаниите, условите во кои ги извршуваат своите деловни активности и нивните резултати прикажани на македонската берза, можеме со сигурност да утврдиме дека македонската економија е на прав пат.

Фармацевтскиот сектор во 2018 година имал раст на приходи од 8% во споредба со 2017 година, а над 15% раст во 2019 година.

Енергетскиот сектор пак во 2018 година имал раст на приходи од 16%, додека во 2019 приходите во овој сектор бележат раст од 4%.

Раст на приходите имаат и градежните компании, телекомуникацискиот и банкарскиот сектор, а особен раст бележат извозните компании кои котираат на македонската берза.
Овие резултати ги увидоа и ги препознаа инвеститорите на македонската берза, за што сме сведоци во изминативе месеци. Прометот на берзата е зголемен, акциите на котираните компании растат, а инвестициската клима се подобрува.

Веќе очигледното пристапување на државата кон НАТО, стабилноста на македонската економија, политиките и посветеноста на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за подобрување на условите за работа на македонските компании ги даваат своите резултати кои можеме да ги видиме преку растот на берзанскиот индекс МБИ 10 .

Во 2011 година берзанскиот индекс има пад од 13%.
Во 2012 година берзанскиот индекс има пад од 12%
Во 2013 година берзанскиот индекс останува на истата вредност од 2012 година.
Во 2014 година бележи раст од само 6%.
Во 2015 година индексот паѓа за 0,5%
Во 2016 година, кога е веќе извесно дека ќе има промена на власта во државата, индексот расте за 16%.
Во 2017 година индексот веќе има сериозен раст од 19%, додека во наредната 2018 има раст од 36% и изминатата година од цели 33%.

Доколку направиме калкулација за движењето на берзанскиот индекс за периодот од 2011 до 2016 година кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт, истиот бележи пад од цели 19%, што укажува дека довербата на инвеститорите во македонската економија била крајно негативна.

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја стабилизираше државата и сериозно се посвети на македонската економија, довербата на инвеститорите во македонската берза се врати и истото се потврдува со вкупен раст на берзанскиот индекс МБИ 10 од 104% за периодот од 2016 до 2020 година.

Да го претвориме ова во бројки. Доколку сте инвестирале 10.000 евра на македонската берза во 2011 година. Во 2016 година вашата загуба би била 1.900 евра, а доколку во 2016 година сте инвестирале 10.000 евра, на крајот од 2019 година вашата добивка би изнесувала 10.400 евра.

Ова се факти, ова се бројки, ова е потврда за стабилноста на македонската економија и за довербата на инвеститорите кои ја имаат говраќаат својот капитал на македонската берза.

По победата на 12 април, ќе продолжиме со економските политики кои носат стабилност, сигурност, доверба и кои ќе бидат темели за понатамошен интензивен раст на македонската економија.

Поврзани вести

Владата и компаниите откупувачи се договорија за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот

Влатко Зорба

Нова ИКТ инвестиција од Чешка

Влатко Зорба

Трамп: Треба да спречиме понатамошен пад на цената на нафтата, бидејќи во спротивно нашата нафтена индустрија ќе пропадне