Стандард
ЕКОНОМИЈА

Инвестиции во Полошкиот регион за зголемување на производството во земјоделието

За развојот на земјоделството во Полошкиот регион инвестираме во стакленик за едукативни цели, метеоролошка станица за следење на параметрите како и бројни обуки за одгледување на различни земјоделски култури и изработка на бизнис планови за развој, најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Иако Полошкиот регион има долга традиција во земјоделското производство, одгледувањето на култури во стакленик не е достапно за голем број на земјоделци поради потребните инвестиции. Стаклениците од друга страна овозможуваат одгледување на култури во контролирани услови, со примена на нови научни сознанија и технологии, а со тоа и оптимизирање на производство. Овој проект поддржан од Швајцарска агенција за развој и обнова, ќе придонесе за зголемување на производството во земјоделието преку подобрување на компетенциите на жителите на Полошкиот плански регион со воведување на нови и попрофитабилни методи и култури, појасни тој.

Според него со проектот во вредност од 2.169.000 денари направена е инвестиција во функционален стакленик за едукативни цели, доедукација и помош на заинтересираните страни за да можат да истражуваат во одгледувањето на земјоделски култури и истото да го применат во пракса.

– Овој стакленик лоциран во кругот на Средно Стручно Општинско Училиште Моша Пијаде Тетово со опрема за автоматска регулација на температурата, технологии за прихрана на културата и автоматика за наводнување на база на системот капка по капка. Во склоп на опремата има и метео станица која го потпомага компјутерот за автоматска регулација на условите во стакленикот. Во рамките на проектот предвидени се и обуки за стекнување на вештини за одгледување на земјоделски култури во стакленик и обука за стекнување на вештини за претприемништво односно изработка на бизнис планови, рече Милевски.

Министерот појасни дека на овој начин ќе се зголеми бројот на жители кои имаат вештини за одгледување на култури во стакленик, по 5 лица од секоја општина односно вкупно 45 лица од регионот. Исто така 30 ученици од земјоделско ветеринарна струка ќе стекнат вештини за одгледување на култури во стакленик а ќе се подобрат и условите за изведување на практична настава во училиштето. Околу 179 ученици од електротехничка струка пак ќе стекнат вештини за автоматизација и програмирање ќе ги подобрат своите познавања со изведување на практична настава во училиштето заедно со 20 наставници од електротехничка и земјоделска струка што ќе ги зголемат компетенциите за работа во стакленик. Покрај тоа ќе порасне и бројот на на жители кои имаат компетенции за претприемништво и изработка на бизнис планови , на тој начин ќе биде обезбедена функционалност на стакленикот преку негова физичка адаптација и доопремување.

Поврзани вести

Бесими: Извештајот на „Стандард и Пурс“ уште еден добар сигнал за стабилните политики во период на криза

Влатко Зорба

Шапуриќ: Tутунoт ќе се откупи до 29 февруари

Берта Китинска

Бочварски на средба со Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!