Додека сè уште не е извесна судбината на “црното“ злато и најголемите производители на нафта кројат планови за спас, ние ќе направиме анализа на најголемите извозници на “жолтото“ злато – пченицата. Светските медиуми пишуваат дека светот поради корона кризата би можела да се соочи со намалено производство на оваа важна житарка, пренесува „Бизнис инфо“.
Вкупниот извоз на пченица минатата година достигна вредност од 38,8 милијарди долари.
Русија е најголем извозник на пченица минатата година со 6,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Од земјите во регионот, Бугарија е 11-та во светски рамки со извезена пченица во висина од над 967 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (76,5 милиони долари), Хрватска (69 милиони долари), Србија (51 милион долари), Словенија (24,5 милиони долари) и Босна и Херцеговина (4,6 милиони долари).
Македонија е 46-та во светот со извезена пченица во 2019-та година во вредност од 1,2 милиони долари.