СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЈП Водовод и канализација постави апарат за плаќање на сметки

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во соработка со ланецот на маркети Тинекс, денеска постави апарат за плаќање на сметки во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ на улица „Перо Наков“ бр.108.

– Ова е уште еден чекор со кој „Водовод и канализација“ – Скопје како јавно претпријатие ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, се поставени уште на две локации – во Дирекцијата на претпријатието и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и нивна наплата со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.

Поврзани вести

Еве што се купува во Европа за време на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на ССК нов почесен конзул на Унгарија

Влатко Зорба

Како Кина може да го порази САД во трговската војна?