СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто

На вториот ден од расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, која во Собранието почна завчера, попладнево пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата полемизираа за тоа дали и колку е развоен предложениот буџет.

За опозиционерите тој е мегаломански и популистички, политички поткуп пред избори, неразвоен и со капитални инвестиции на ниско ниво. Обвинија дека никогаш немало помалку инвестиции, поголемо загадување и иселување и дека државата е за една милијарда денари задолжена во две и пол години.

Според пратениците од власта, пак, раст е предвиден во сите области. Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто,  за плати во споредба со лани се планирани повеќе од седум проценти, а приоритет се социјалните трансфери каде што исто така ќе има зголемување.

Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на 3.615.000.000 евра, а расходите 3.898.000.000 евра. Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари, и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари. Во фокусот на буџетската каса за наредната година, како што образложи министерката Нина Ангеловска, е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Седницата за  Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година во Собранието ќе продолжи утре во 11 часот.

Поврзани вести

Доларот зајакна, инвеститорите очекуваат да трае неизвесноста

Stefanija Kuzmanovska

Договор на НБРСМ со ЕЦБ за заштита на банкнотите во евра од фалсификување

Влатко Зорба

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина