Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во вчерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат соопшти дека во петтиот пакет владина економска помош ќе изостане мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата.
Петтиот пакет, појасни Ковачевски, ќе биде наменет за поттикнување на ревитализацијата на стопанството, а компаниите коишто нема да може да обезбедат плати за вработените ќе може да аплицираат за поволен кредит.
„Компаниите коишто ќе имаат проблем со исплата на плати, ќе може да аплицираат во Банката за развој, да добијат бескаматен кредит, а оние коишто ќе покажат раст, според критериуми што ќе бидат дефинирани, ќе може да добијат грантова компонента во самиот кредит“, рече Ковачевски.