СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Која земја има најмногу злато на Балканот?

За една година, Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, а Хрватска, нема ни грам.

Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем, пишува Блиц.

Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,89 тони. Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато залоено за кредит. За Хрватска, бројката е нула.

Поврзани вести

Хавзиу: Вработените да не потпишуваат нешто што не знаат и потоа да има последици по нив

Берта Китинска

Бензините поскапуваат

Влатко Зорба

ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ – Предизвици и алтернативи за малите и средни претптијатија

Влатко Зорба