СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Колемишевски: Го спроведуваме третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници

Во ова време на големи здравствени и економски предизвици им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да се справат со кризата. Го спроведуваме третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници изјави Кирил Колемишевски од СДСМ.

Овие мерки со директна финансиска поддршка ја зголемуваат куповната моќ, со што овозможуваат раздвижување на македонската економија и стимулираат раст и промоција на домашните производи и услуги.

Корисници на директна финансиска помош, доделена на платежна картичка, се сите невработени лица, социјално ранливите групи, домаќинствата со ниски примања, младите и здравствените работници.

Граѓаните кои ги исполнуваат условите за да бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, туку ќе ја добијат картичката на домашна адреса или ќе може да ја подигнат од банка.

Платежна картичка „Купувам домашно“ со 9.000 денари наменети за купување македонски прозиводи и услуги ќе добијат над 100.000 граѓани, односно сите невработени лица, кои имаат месечен приход под 15,000 денари, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари, ќе добијат сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи.

Во овие мерки особено внимание посветивме на младите, кои ќе добијат 6.000 денари за покривање на партиципација за Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Младите ќе добијат и платежна домашна картичка од 50 евра, за домашни производи и услуги.

Ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, ќе добијат околу 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини, а кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Здравствени работници, кои се на првата линија во борбата со коронавирусот ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето-плата.

Да им помогнеме на здравстените работници со почитување на мерките за заштита на здравјето, со дистанца, носење маски, редовно миење на рацете и дезинфекција и од оваа криза ќе излеземе похрабри и поуспешни рече Колемишевски.

 

Поврзани вести

Пензиите достапни од 26 август

Берта Китинска

Бесими: Дефицитот може да се реализира со намалување на дел од депозитите и со домашно задолжување

Граѓаните со блокирани сметки до петок треба да ја подигнат помошта од 6.000 денари

Берта Китинска