Компании и пазар

Фирми и поединци на УЈП ѝ должат 9,6 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници на којашто 2.004 правни и 2.310 физички лица ѝ должат 9.693.161.515 денари.

Кај правните лица (2.004) има зголемување за 15 нови имиња, додека кај физичките (2.310) има 171 лице помалку во однос на претходната листа.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2020 изнесува 9.693.161.515 денари, повеќе за 306.409.223 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.670.177.454 денари (повеќе за 336.647.542 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 22.984.061 денари (помалку за 30.238.319 денари од претходната листа).

Должниците имаат долгови доспеани до 30-ти јуни и неплатени до 30-ти септември оваа година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акции и царини. Кај физичките лица и самостојни вршители на должност, долгот е повисок од 120.000 денари, а кај правните е над 300.000 денари.

Поврзани вести

Прво локално партнерство за вработување за креирање повеќе и подобри работни места

Влатко Зорба

СБ ја подобри прогнозата за економскиот пад на Западен Балкан во 2020 година

Влатко Зорба

Пред да се преселите во Германија, подготoвка по дома

Влатко Зорба

Амазон постави термички камери во магацините за побрзо да ја мери температурата на вработените

Влатко Зорба

3 компании, поврзани со Ковид тестови, заработија милијарди

Stefanija Kuzmanovska

Со кои акции се тргуваше најмногу минатата недела?

Влатко Зорба