СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како еден човек успеа да создаде милион работни места

Amazon, гигантот за е-трговија, е еден од профитерите за време на актуелната ковид – криза. Сепак, основачот Џеф Безос повеќепати повтори дека не ја злоупотребил оваа ситуација, туку самата природа на кризата го забрза купувањето преку интернет, а со тоа и побарувачката за услуги на Amazon.

Најбогатиот човек на светот ја искористи оваа прилика да го прошири работењето во различни земји во светот, а пред сè во САД, каде отвори десетици илјади работни места само оваа година.

Иако работниците на Аmazon протестираат веќе подолго време, бидејќи заработуваат само 15 долари на час и како што велат работат напорно. Тој верува дека сепак успеал да им помогне на многу луѓе кои останаа без работа за време на кризата и тоа треба да се цени.

Во 2016 година Amazon имал 341.400 вработени, што е раст од 48% во однос на 2015 година. Растот што се случи помеѓу 2016 и 2017 година изнесува 65,7%. Тогаш Amazon имал 566.000 работници, а една година подоцна 647.500. Во периодот помеѓу 2018 и 2019 година, бројот на работници достигна 798.000 (раст од 23%), а податоците од јули оваа година покажуваат дека компанијата брои милион работници.

Поврзани вести

Повеќе од 6 милиони домаќинства купиле по две Nintendo Switch конзоли

Како помина првиот квартал за компаниите што котираат на берза

msp-admin

Каква е судбината на трговските центри?

msp-admin