СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Милиони поранешни гости го тужат хотелскиот ланец Marriott

Водечкиот светски хотелски ланец Marriott International се соочува со тужба во Лондон од милиони поранешни гости. Тие бараат отштета откако нивните лични податоци беа компромитирани во еден од најголемите хакерски напади од ваков вид во историјата.

Помеѓу 2014 и 2018 година биле хакирани податоците од повеќе од 300 милиони гости во глобалната база на податоци на Marriott, што може да вклучува и податоци за пасоши и кредитни картички.

Хакерскиот напад ги компромитираше податоците на околу седум милиони британски гости, објави Кабинетот на Информативниот комесар на Велика Британија (ICO) кој минатата година му предложи на Marriott да плати парична отштетаод 99,2 милиони фунти (133 милиони долари).

Судската постапка е предводена од основачот на технологија и консултантски услуги за медиуми, Голема револуција Big Revolution, Мартин Брајант во име на англиски и велшки гостински престојувачи.

Поврзани вести

Помалку од милион невработени во САД побараа помош за прв пат од почетокот на пандемијата

msp-admin

Квалитетното образование како почетна точка за успешна професионална кариера

msp-admin

Италија: Сите вработени во Амазон штрајкуваат

Влатко Зорба