Компании и пазар

Најавените повластени даночни стапки за занаетчиите и угостителите ќе имаат кус здив – тврдат експертите

Многу дилеми во јавноста предизвика најавата дека од 01.01.2021 год ќе стапат на сила повластени даночни стапки, од 5% за одредени занаетчиски услуги и стапка од 10 % за угостителите како дел од мерките за справување со КОВИД кризата. Иако од седницата на Владата кога беа донесени овие мерки до денеска нема детали што тие ќе значат и зошто се насочени само кон овие дејности, занаетчиите и угостителите ги прифатија со скепса. На иста линија се и очекувањата на дел од стручната фела.

Даночниот експерт Славко Лазовски не се согласува со предложените мерки бидејки повластена стапка од 5 %, според него, ќе биде штетна за самите занаетчии.

– Ги доведуваме самите занаетчии во дефицитна положба. Самиот систем на ДДВ го наградува само оној кој има ДДВ за плаќање, бидејќи тоа значи дека тој собира повеќе парични средства, отколу што е неговиот одлив на паричните средства. Не се напредува ако имаш вишок на претходен данок бидејќи така имаш поголемо давање, отколку земање. Па како напред? Сигурно, занаетчиите во почетниот бран, ќе остварат некое подобрување, таа разлика меѓу стапките ќе ја приграбат, но што потоа? Ќе собираат по малку (по стапка од 5 %), а самите ќе плаќаат по 18%. Со други зборови: мерката ја оценувам како „мечкина услуга“ кон самите занаетчиите. Малку добивават, а многу губат, се разбира ако не расмислуваат од денес за утре, вели тој.

Големо поместување во состојбата во која се најде целиот угостителски сектор, нема да донесе ниту мерката за повластена стапка од 10 % за продавање храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги , со исклучок на алкохолните пијалоци, дециден е Лазовски.

– Не е некоја значајна мерка. Повеќе е како „крстена вода“, ниту е значајно поместување за даночните обврзници, ниту за државата, ниту пак за граѓаните. На самиот почеток ќе значи „водичка на жеден“, но само на самиот почеток, 3-4 месеци, затоа што „загубата што е на страната на државата (намален приход- намалена стапка) ќе отиде на контото на угостителите, кои таа разлика, ќе ја присвојат , бидејќи нема да ги намалат цените. Но, на среден рок (1 до 2 години) ќе биде неутрален ефектот, за потоа за биде штетна и за самите угостиетели бидејќи ќе бидат подложни на тенденции на зголемување на даночниот товар, а нема да има подобрување ниту на условите за стопанисување, поради дефицитот на Буџетот, смета даночниот експерт.

Во однос на останатите најавени мерки, Лазовски смета дека ослободувањето од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетските корисници за справување со КОВИД е добра мерка бидејќи ќе значи мали загуби за буџетот, но на долг рок голема заштеда.

За најавената повластена стапка, од Занаетчиската комора за локално.мк рекоа дека мерката е долгоочекувана бидејќи треба да ја намали актуелната нелојална конкуренција меѓу занаетчиите кои се ДДВ обврзници и оние кои се паушално оданочени.

Од Независната Угостителска Комора пак се категорични дека нема да имаат бенефит од предложената одредба за повластена даночна стапка од 10% бидејќи нема да има ефект за кафетериите, клубовите, и дискотеките каде што се точат само пијалоци а во иста положба ќе бидат и сендвичарите, бурекџилниците и останатите млечни ресторани кои во минатиот период работеа со 5% ДДВ.

К.В.С.

Поврзани вести

Најдолгиот тренд на пад на доларот во последните 10 години

Влатко Зорба

Арсовска: Големиот пласман на македонските производи ќе го помогне економскиот раст

Берта Китинска

Работите под притисок? Ако е за утеха, не сте сами

Влатко Зорба

Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар

Влатко Зорба

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со домашната платежна картичка

Влатко Зорба

Земји чии економии ќе останат „недопрени“ од корона-кризата

Влатко Зорба