СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„конкурентнаПЛАТА“ – прво национално истражување на плати и додатоци

Преку својата мисија која се состои во застапување и унапредување на правата и интересите на работодавачите преку координација и соработка со социјалните партнери и Владата, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) продолжува да биде единствена репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор. Претставувајќи повеќе од 1000 претпријатија со над 72 000 вработени на ниво на целата држава, ОРМ својот фокус го држи на теми од интерес на работодавачите поврзани со образование, инфраструктура, општествена одговорност, безбедност и здравје при работа, трудова и социјална легислатива, оданочување, инвестирање, казнена политика и кредитирање.

Оттука и потребата на ОРМ за истражување како што е конкурентнаПЛАТА. Овој проект на Организацијата достапен на нејзините членови, всушност ги собира, обработува и презентира информациите добиени со спроведувањето на валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци. Целта на проектот конкурентнаПЛАТА е да даде релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции, со цел работодавачите да ги оптимизираат и континуирано да ги надградуваат и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата.

Алатката конкурентнаПЛАТА нуди и низа придобивки за членовите на ОРМ. Таа ги следи карактеристиките на локалниот пазар и локалното законодавство, дава ексклузивни информации за специфичните индустрии вклучени во истражувањето, дозволува споредби помеѓу повеќе од 150 работни позиции. Покрај ова, ОРМ нуди и консултантски услуги во секоја фаза на истражувањето, а воедно генерира и навремени, едноставни за следење извештаи прилагодени на потребите на членовите.

Истражувањето конкурентнаПЛАТА е финасирано преку проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финасиска поддршка од страна на Европската Унија. Сите заинтересирани компании можат да се регистрираат и да учествуваат во истражувањето најдоцна до 23ти март 2021 година на следниов линк: https://ggle.io/3uDO

Поврзани вести

Битиќи: Минималната плата сè уште не е достоинствена

Влатко Зорба

Против предлогот за намалување на платите реагираше и Синдикатот на вработените на УКИМ

Stefanija Kuzmanovska

Заев на отворање на производствениот капацитет за преработка на месо „Подгорка“ во Струга

Влатко Зорба