СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

КОСТАЛ го зголемил бројот на вработени на 830 и инвестирал дополнителни над 10 милиони евра

Благодарение на флексибилноста во управувањето, длабинскиот пристап на анализирање на ризиците и можностите, може да се каже дека КОСТАЛ Македонија годинава релативно подобро се снајде од конкуренцијата, притоа одржувајќи го растот на вработени и инвестиции. Од 500 на крајот на 2019-та, бројот на вработени достигна 830 на крајот на годинава со дополнителни над 10 милиони евра инвестции. Сепак, и покрај сите напори растот на приходите беше помал за околу 20 проценти од планираните, нешто што ќе се рефлектира и на развојните планови за претстојниот период, нагласи претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо.

Посочи дека компанијата годинава почнала со тест производството на полначи за електрични и хибридни возила – On Board Chargers – полупроизвод во авто-индустријата со висока техничка комплексност и додадена вредност, што придонело за зголемана соработка и обем на размена со локалните добавувачи. Во услови на глобална пандемија, ги зголеми приходите споредено со претходната година за околу 70 отсто, односно очекувано е да достигне 60 милиони евра вкупни приходи до крајот на годината и над 105 милиони евра за 2021 година.

Поврзани вести

ЦГК: Повеќе од 8 милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Влатко Зорба

Не ја почитувале забраната за работа – затворени уште 4 кафеани и 40 кафемати

Берта Китинска

G&O Waste Solution: Дилетантизам е одлуката на Советот на општина Гевгелија за барање за одземање на дозволата за работа

Влатко Зорба