СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лицата кои ќе работат во недела ќе бидат платени и ќе имаат слободен ден

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, изјави во вестите „Сител“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи. Ќе има исклучоци за 34 дејности и дејностите кои се поврзани со колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор.Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната, вели Битиќи.

Поврзани вести

Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Влатко Зорба

Поевтинуваат горивата

Влатко Зорба

Владата ја објави листата на граѓани кои ќе добијат помош со четвриот сет мерки

Берта Китинска