СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Трите пакети економски мерки се добра можност за пораст на економијата

„Сведоци сме дека здравствената криза навлезе во економијата. Имавме три сета на мерки со цел да им се помогне на компаниите, на самостојните извршители на дејност и на сите други за да се намали штетата. Можам да кажам дека можеше да се случи и полошо во делот на собирањето на приходите и полнењето на буџетот. Ако направиме споредба со ланскиот период, имаме пораст кај наплата на даноците од 35 отсто, имаме мал пад на данокот на добивка, но тоа е така зошто некои компании однапред го платија.“- изјави Сања Лукаревска од СДСМ, директорка на УЈП, во вестите на Канал 5.

Според неа трите пакети економски мерки се добра можност за пораст на економијата. „Продолжува акцијата Мој ДДВ, и се повеќе граѓани скенираат фискални сметки. Донесовме и платежни картички за поттик на домашното производство и туризмот. Сето тоа се сегменти кои и помагаат на економијата. Дури и предничиме во мерките во однос на другите држави. Се на се, ефектот од мерките е позитивен.“- дополни Лукаревска.

Поврзани вести

Бектеши: Владата ќе ја продолжи поддршката 14.500 денари по вработен, ако има финансиски можност

Совети на американскиот милијардер Ворен Бафет: Правете што сакате и со луѓе што ви се допаѓаат

Александар Петровски

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари изнесува 33.650 денари

Влатко Зорба