СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Македонија нема директно да преговара со Грција, целта е да се поттикне домашниот туризам

Минситерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата нема да преговара билатерално со грчката влада за олеснет влез на нашите туристи, бидејќи земјата не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

– Не преговараме директно со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот.

Министерот за туризам на Република Грција, Харис Теохарис денеска од Белград потврди дека граѓаните на Србија ќе можат да летуваат во Грција и со руските и со кинеските вакцини, како и со негативен ПЦР тест.

Граѓаните на Србија ќе можат летово да го поминат во Грција оваа година со потврда дека биле вакцинирани со било каква вакцина, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи пред официјалниот почеток на сезоната на 14 мај.

Негативен тест ќе биде задолжителен за невакцинираните, а кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на деца до 10 години не им треба вакцина или ПЦР тест, а потребен е негативен тест за деца постари од 10 години.

Поврзани вести

ССМ и КСС: Исклучително важен е заедничкиот настап при подготовка на новиот Закон за работни односи

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Како БКД-М дооел земал кредит близу еден милион евра за деловно неактивна фирма?

Влатко Зорба

ЦГК: Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки при јавните набавки

Влатко Зорба