СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Министерството за транспорт и врски стави на располагање 62.280 поединечни и месечни транспортни дозволи

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија ја промени Уредбата за начинот за распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународниот превоз на стока.

Со промената на Уредбата, а поради Ковид состојбата, се менува периодот на издавање на ЕКМТ дозволите со што превозниците веќе можат да аплицираат за поединечните и месечните ЕКМТ дозволи за меѓународен транспорт на стока.

Со тоа, на превозниците им се ставаат на располагање сите видови на дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски како би ја олесниле нивната секојдневна работа и тоа:

– 60.000 поединечни дозволи

– 2.280 месечни дозволи

„Би сакале да потенцираме дека промената на Уредбата е направена во согласност со барањата на Здруженијата и Асоцијациите на транспортери во Република Северна Македонија. Со промена на Уредбата се прецизираат и критериумите со кои превозниците ќе имаат доволно дозволи за покривање на сопствениот возен парк со рационално искористување на истите, а со цел да се обезбеди континуитет во дистрибуцијата на квотата на дозволи на Министерството за транспорт и врски. Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски, градејќи го партнерскиот однос со транспортните здруженија, создава услови за континуиран и непречен транспорт на стока во домашниот и меѓународниот сообраќај“, соопштуваат од Министерството.

Поврзани вести

Одобрени уште 8,8 милиони евра кредитни барања од „Ковид 3“ бескаматната кредитна линија како дел од втора група

Влатко Зорба

Започна исплатата на средствата од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Влатко Зорба

Влегување со стил: Милјардер инвестира МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ во криптовалути

Stefanija Kuzmanovska