СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Можно е годинава да се догради системот за отпрашување на Југохром

Петта година изминува откако прекина работата на фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во тетовско Јегуновце поради неисполнетите обврски за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола. Од раководството најавуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што започна во април 2017 година, што е услов фабриката во иднина да продолжи да работи согласно потребните стандарди и да не ги загадува животната средина и воздухот.

-Имаме начелна одлука на сопственикот на фабриката, кој живее во Лондон, а беше тука пред два месеци при што ја истакна намерата да се продолжи со градење на системот за поставување на филтри за отпрашување. Сега сме во интензивна комуникација со компанијата која почна да го гради системот околу преостанатиот долг како ќе се плаќа за да можат да ја довршат челичната конструкција. Чекаме да помине зимскиот период па од март-април да се почне со тие градежни активности, изјави за МИА, Васко Скендеровски, генерален директор на Југохром.

Системот за отпрашување претставува комплекс на повеќе објекти кои се функционално поврзани меѓу себе. Се состои од цевковод за довод на отпадни гасови од печките, пресепаратор во кој се стопираат големи честички, главни вентилатори, објект за филтерско прочистување, систем за пренесување на отпадна прашина и силоси за складирање на прочистени отпадни гасови. Чини 12 милиони евра. Доколку се изгради ќе може да работат само две печки.

-По мои проценки бидејќи е во завршна фаза челичната конструкција, односно само треба монтажа тоа би се работело некаде до јули. Потоа тие филтри, односно целата постројка како станица за печките број 7 и 8 би била готово околу октомври-ноември. Системот за отпрашување е предвиден само за тие две печки, кои доколку почнат да функционираат би имало работа за околу 400 луѓе вкупно, со сегашната администрација, која проценувам дека ќе треба да се зголеми, истакна Скендеровски.

Поврзани вести

СКСЗМ: Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво

Влатко Зорба

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2