СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На банките им должиме 353,3 милијарди денари

Граѓаните и компаниите на банките им должат 353.345.000.000 милиони денари. Кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4%. Раст, истовремено бележат и депозитите во банките.

Ова во интервју за МИА го соопшти претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева, која вели дека е забележано воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста, а кај населението се доминантни потрошувачките кредити и станбените.

“Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353.345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично“, рече Стевкова-Штериева.

Поврзани вести

Битиќи: Во септември ќе биде донесен четвртиот пакет на економски мерки

Раст на МБИ-10 индексот на Македонската берза

Ангеловска: Дефицитот не е опасен ако стимулира економски раст

msp-admin