СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање за помош за исплата на платите

Поднесени над 19 илјади барања за мерката – исплата на бруто плата до 14.500 денари.
Денеска на полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи (УЈП) за финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14 500 денари месечно по вработен.

Министерот за економија Крешник Бектеши., очекува бројката на фирми кои ќе аплицираат да биде многу поголема. Владата со оваа антикризна мерка – која 4 пати до сега претрпуваше измени, се надева дека нема да има драстични отпушатања и покрај намалената ликвидност предизвикана од корона кризата.
Во Агенцијата за вработување секојдневно расте и бројот на барања за повторно пријавување на веќе отпуштетите работници, за да можат газдите да ја користат мерката

Поврзани вести

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заглавен во институциите

Берта Китинска

Бесими: Нормализиран економски развој со зголемена динамика во втората половина на 2021 година

Влатко Зорба

Битиќи: Картичка со сума од 9.000 денари за активните невработени лица