СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Над 17.000 луѓе останале без работа во Македонија од почетокот на пандемијата

Од 11 март кога беше прогласена пандемијата па до крајот на минатата година, без работа останале 17.026 луѓе во Македонија.

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во истиот период бројот на регистрирани невработени се зголемил за 53.708.

На крајот од февруари, вкупниот број на евидентирани невработени бил 191.935 невработени, за да на 31. декември 2020 година таа бројка да стане 245.643.

Ваквиот раст на евидентираната невработеност се должи на тоа што дел од оние кои и претходно биле невработени, но не и евидентирани во Агенцијата, во време на пандемија се евидентирале како невработени за да користат финансиска помош од државата за невработени лица.

Поврзани вести

Бензините од полноќ поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Влатко Зорба

КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Влатко Зорба

Се зголемува опфатот за субвнционирање плати од 1.624 на 1.974 лица

Берта Китинска