СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Наместо тетратки и ранци оваа година се купуваат компјутери

Наместо тетратки ,ранци, оваа година се бараат и купуваат компјутери.

Голем дел продавниците со ИТ-опрема имаа направено понуди, во кои за 18.000 денари може да добиете просечен лап-топ со ранец и принтер.Оваа училшна година ќе се следи онлајн, па голем дел од родителите преку кредити вложуваат напори да им овозможат на своите деца ИТ опрема.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври И дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

– За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.

Поврзани вести

Турција се „шири“ во Африка, Америка, Русија… „на најбрз и најефикасен начин“

Stefanija Kuzmanovska

Резултатите од наградната игра Мој ДДВ#Моја награда се над очекувањата, расте бројот на нови корисници

Никола Поповски

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Влатко Зорба