СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го јакне капацитетот со германска и хрватска помош

Со германска и хрватска помош и споделување на најдобрите меѓународни практики Народната банка ќе продолжи со натамошно усогласување со правилата, регулативата, политиките и работењето со стандардите на Европскиот систем на централни банки заради натамошно одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Тоа го овозможува твининг проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот систем на централни банки“ чија почетна конференција се одржува денеска во Скопје. Проектот во вредност од 600.000 евра, кој е финасиран од ЕУ, се спроведува од септември годинава до декември идната година.

-Означуваме почеток на еден исклучително значаен проект за нас кој очекуваме да даде придонес во нашето натамошно профилирање како модерна централна банка со силен капацитет и подготвеност за приклучување кон европското семејство на централни банки. Побрзата институционална и економска конвергенција, вклучувајќи го и побрзото приближување кон европските централнобанкарски вредности ќе значи и побрзо интегрирање кон европското семјство. Токму затоа ние во Народната банка постојано го зајакнуваме нашиот капацитет преку различни модалитети честопати со директна поддршка од страна на ЕУ преку нејзините расположливи алатки, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во поздравниот говор на отворањето на конференцијата.

Таа посочи дека планираните проектни активности на твининг проектот опфаќаат четири области во доменот на централнобанкарското работење.

Поврзани вести

Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто

ЈП Водовод и канализација постави апарат за плаќање на сметки

Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Влатко Зорба