СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ ќе ја известува ЕК за фалсификувани ковани евра

Народната банка ќе доставува известувања до Европскта комисија и квартални извештаи со статистички податоци за појава на евентуално фалсификувани ковани евра.

Ова, како што соопштува Народната банка , е предвидено со Договорот за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување, што е склучен со размена на писма за соработка помеѓу увернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути.

Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификувани ковани евра евентуално откриени на територијата на нашата земја.

Од Народната банка наведуваат дека особено е значајно што, согласно со одредбите од Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

– Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера, истакнуваат во соопштението.

Поврзани вести

Втор пакет за помош од Владата: Помош за приватниот сектор со минимална плата или субвенции на придонеси

Берта Китинска

Заев: Инвестицијата на „Гересхајмер” е многу важна од областа на здравството и фармацијата

Влатко Зорба

ФИТР ќе ја предводи националната стратегија за вештачка интелигенција

Влатко Зорба