20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 1,25 отсто

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на последната седница одлучи основната каматна стапка да се задржи на нивото од 1,25 отсто.

Оценка на Комитетот е дека постојното ниво на каматната стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови.

-Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,25%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. На седницата беше оценето дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари – велат од Народна банка.

Поврзани вести

МИСТ ЕНЕРЏИ го доби тендерот вреден 500.000 евра за набавка на струја за Собранието

Влатко Зорба

Германија: Намалување на ДДВ од 1 јули

Stefanija Kuzmanovska

Прометот на Македонска берза зголемен за 3,46% на почетокот на новата година

Влатко Зорба