СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Неделава ќе биде објавен списокот на корисници на помош од 6.000 денари

Прочистениот список на лицата кои ќе добијат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, оваа недела ќе биде доставен до Генералниот секретаријат на Владата со цел  да се направи соодветна објава, соопшти денека директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Списокот се уште не е објавен поради како што соопшти Лукаревска станува збор за повеќе сетови на податоци кои треба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани се однесува на  стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се уште се ажурираат листите со корисници на финансиска помош.

Владата на седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.

Според Законот средствата ќе треба да се потрошат до 25 декември.

Поврзани вести

68.800.000 денари за КИП програмата на Владата во 2021 година

Влатко Зорба

Раст од 15,5 %: Вкупната вредност на извозот во јануари 2021 година изнесува 32,5 милијарди денари

Влатко Зорба

Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

Влатко Зорба